![]() |
|
Aktualnosci | O nas | Konferencje | Seminaria | Publikacje | "Tygryski" | Kontakt | Linki | Mapa serwisu |
|
|
Publikacje |
Биљана
Здравковска
Капитал:
Може ли да
направите
споредба на полската
и
македонската
економија?
Македонското
стопанство
речиси 10
години е во
транзиција.
Успеавме да постигнеме
макроекономска
стабилноста
благодарејќи
на
програмите
на ММФ, имаме
ниска стапка
на инфлација,
доста
стабилен девизен
курс. Од
друга страна,
опаѓа
индустриското
производство,
опаѓа
извозот, а
трговскиот
дефицит
расте. Што е
проблемот?
Гжегож
Колодко е
заменик
премиер и
министер за
финансии во
Владата на
Полска. Колодко:
Тоа не е
ништо ново.
Полска и
повеќето
други
посткомунистички
земји поминаа
низ слични
потешкотии.
Многу нешта
се заеднички
за Полска и
Македонија.
Всушност, првичните
предуслови
за
воведување
на транзицијата
не беа толку
лоши ниту во
Полска, ниту
во Југославија.
На преминот
од ее'80-те во
ее'90-те, во овој
дел од светот
најпазарно
беа
ориентирани
поранешна
Југославија,
вклучувајќи
ја Македонија,
Унгарија и
Полска.
Постоеја
некои слободни
цени, малку
претприемништво,
нешто
странски
капитал,
малку
конвертибилност
на валутата,
дел од
комерцијалниот
банкарски
сектор... Но,
ништо не беше
целосно, како
што е во
пазарните
економии.
Сепак, почетните
услови за
воведување
на пазарна економија
беа далеку
поповолни во
Македонија
отколку во
соседна
Албанија, беа
многу поповолни
во Полска
отколку во
соседните Украина
и Белорусија. Лошото
беше што се
вовлековте
во регионалниот
етнички и
меѓуетнички
конфликт, што
не беше
случај со
Полска.
Нашата
транзиција беше
мирна, но
одвреме-навреме
тешка на
социјално
ниво. Се уште
постојат
социјални
проблеми - во
рударството,
бродоградбата,
индустријата
за челик,
земјоделството...
Општо
земено,
досегашната
транзиција
во Полска, да
речеме во
последните 13
години, може
да се подели
на три фази. А,
сега влегуваме
во четвртата
фаза од
посткомунистичката
трансформација.
Македонија
е многу мала
земја и таа
не може да се
потпре само
врз
домашниот
пазар. Таа
мора да биде
отворена
пазарна
економија, да
извезува,
почнувајќи
од соседите
па се до западните
пазари.
Домашниот
пазар не е
доволен за
експанзија
на
претприемништвото.
Причините
за тој успех
првенствено
се решеноста
и
посветеноста.
Кај
економската
и политичката
елита
никогаш
немаше
сомнежи дека
треба да се
трансформираме
во вистинска
пазарна
економија. Рецептот
за мојот
успех, за
успехот на
мојата
политика во
средината на
ее'90-те, а се
надевам и
сега, би
рекол дека се
состои во
овој пристап
на
посветеност,
но постапност.
Тука нема
"шок
терапија".
Тоа е погрешна
политика и
никогаш не
беше успешна.
Единствената
земја каде
"шок
терапијата"
беше успешна
е поранешна
Источна Германија.
Нашиот
пристап е
еден
постепен процес
кој се уште
се одвива.
Трансформацијата
во Полска не
е завршена.
Стабилизацијата
се уште е
многу тешка
задача. Се
уште имаме
голем
буџетски
дефицит, но
инфлацијата
е многу ниска
(1% во октомври). Мислам
дека
специфичниот
фактор во
случајот на
Полска, што
навистина ни
помогна, беше
долгот. Не постоеше
никаков
начин да го
отплатиме долгот.
Затоа, 50% од
долгот беа
отпишани, но
врз база на
строги
услови, како
што е
спроведувањето
на
структурни
реформи и
јакнење на
институциите.
Јас го
потпишав
договорот со
Лондонскиот
клуб во
септември 1994
година, со
кој беа
отпишани 6,3
милијарди
долари. Скопје,
гледав како
полицијата
се подготвува
да ги смири
демонстрантите
на улиците во
Полска. Тие
не сакаат ни
да чујат дека
ние сме
пример за
успех,
бидејќи
многу луѓе се
во тешка
ситуација.
Сметам дека
вториот период
на
транзицијата
во Полска
беше многу подобар
од првиот и
третиот, а се
надевам дека
четвртиот, во
кој сега
влегуваме, ќе
биде уште
подобар. Се
промени
глобалната
ситуација,
окружувањето.
Сега
влегуваме во
ЕУ. Капитал:
Кои се
користите
што Полска ќе
ги има од
влезот во ЕУ,
но и цената
што ќе ја
плати? Колодко:
Цената што
моравме да ја
платиме се
состои во
дополнителните
тешкотии за
полските
фирми, поради
отворањето
кон странската
конкуренција.
Субјектите
од некомпетитивните
индустрии
банкротираа
или ги напуштија
тие пазари.
Тоа
понекогаш
предизвикува
социјални
немири, стрес
или незадоволство.
Но, тоа се
случува
затоа што
стануваме
дел од
поголем
пазар, кој е
многу слободен.
Има некои
бирократски
формалности,
проблеми со
некои
прописи или
рестрикции,
но сметам
дека
преговорите
со ЕУ
првенствено се
однесуваат
на
хармонизација
на институциите
и влез на
Полска на
единствениот
пазар. Што се
однесува до
користите,
тука е и
идното
воведување
на еврото во
Полска. Тоа
ќе ги намали
трошоците за
трансакциите.
Но, пред се,
станува збор
за самиот
процес на вклучување
во Унијата.
Се менува
целата економија,
институциите,
структурата,
менталитетот,
политиките.
На долг рок,
се зголемува
компетитивноста
на домашните
индустрии,
кои се
помалку се
домашни. Тоа
е затоа што
стануваат
домашни
субјекти на
една поголема
целина, на
Европската
унија. Најголема
дебата во
врска со
користите и цената
на влезот во
ЕУ
предизвикува
прашањето за
финансиските
позиции,
буџетот и финансиските
трансфери
помеѓу
Унијата и Полска.
Значи, колку
ќе мораме да
и платиме на
ЕУ, а колку
Полска ќе
добие од неа.
Во оваа
дебата има и
политика и
еуфорија. Но,
тоа прашање
не е најважното.
Најважното е
што
стануваме
дел од еден
пазар од 400
милиони луѓе,
што ќе ја
зголеми нашата
компетитивност. Без
сомнение, на
долг рок
повеќе ќе
добиеме од
буџетот на ЕУ
отколку што
ќе треба да
платиме. Значи,
ќе има
нето-трансфер
од ЕУ кон
новите членки,
вклучувајќи
ја и Полска.
Зборуваме за
неколку
милијарди
евра годишно.
Тоа нема да биде
толку голема
сума како што
беше случајот
со Ирска, но
ќе ја зголеми
нашата финансиска
способност.
Тоа ќе
претставува значаен
прилив на
готовина, за
финансирање
на нашиот
развој.
Поради
интеграцијата
во
единствениот
пазар и
позитивните
финансиски
трансфери,
може да
сметаме и на
дополнителен
1% стопански
раст на
подолг рок.
Значи, ако и
без
членството
во ЕУ растот
беше 3%-4%, по влезот
во ЕУ ќе биде
над 5%, на долг
рок. Најтешкото
прашање сега,
што
претставува технички
проблем за
секој
министер за
финансии на
земјите
кандидати за
членство во ЕУ,
вклучувајќи
ме и мене, е
механизмот на
трансфери и
буџетирање,
за
алокацијата
на т.н.
структурни и
кохезиони
фондови во
рамките на
ЕУ. Мора да
постапуваме
според правилата.
Мораме да
платиме
одредена
сума, која ќе
ни биде
надоместена
од ЕУ дури по
извесен
период. За да
ги добиеме
парите од ЕУ,
ќе биде
неопходно да
најдеме
добри проекти,
што бара
извесна
фискална
експанзија
од нашиот
национален
буџет. Парите
од ЕУ ќе дојдат
нешто
подоцна, но
не во буџетот
на државата,
туку кај
локалната
самоуправа,
кај невладините
организации,
кај
приватниот
сектор. Тоа
доведува до
зголемување
на фискалниот
јаз. Се
наметнува
прашањето
како да се
финансира
тој јаз.
Процесот го
зголемува буџетскиот
дефицит. Од
друга страна,
мораме да ги
исполниме
критериумите
за монетарна
унија,
најверојатно
во 2005 година.
Само така ќе
можеме да
одлучиме
дали во 2006-2007 г. ќе
и се придружиме
на ЕУ. Ако не
ги исполниме
критериумите,
не станува ни
збор за
членство во ЕУ.
Капитал:
Колку
банкарскиот
сектор е
важен за
стопанството? Колодко:
Банкарскиот
сектор е
исклучително
важен. Во
нашиот
стопански
систем е далеку
поважен
отколку
пазарот на
капитал. Алокацијата
на ресурсите
претежно оди
не преку
берзата и
хартиите од
вредност,
туку преку
банките како
финансиски
посредници.
Значи, банките
се
институции
што треба да
придонесат
за
зголемување
на
маргиналната
склоност кон
штедење, да
ги претворат
заштедите во
капитал, а
потоа
капиталот да
го алоцираат
кај
најкомпетитивните
фирми. Сметам
дека Полска
има доста
стабилен банкарски
сектор. Има
многу
забелешки
дека
странските
инвеститори
имаат
преголем
удел, но тоа
најчесто е
последица на
национализмот
и ксенофобијата.
Банките го
кофинансираат
претструктуирањето
на нашето
стопанство.
Сепак, овој
сектор е
многу
специфичен и
секогаш е добро
да има
национална
компонента.
Затоа има
неколку
банки што се
полски, некои
се приватни, некои
уште се во
сопственост
на државата. Без
здрав
банкарски
сектор не
може да се финансира
развојот.
Алтернатива
е зависноста
од странска
помош, како
на пример во
Босна и
Херцеговина.
Но, каква
стопанска
политика е
тоа? Тие
преживуваат
и врзуваат
крај со крај
само поради
помошта од
ЕУ, УСАИД,
УНДП. Без
странска
помош,
финансискиот
систем на
земјата би
пропаднал за
неколку дена.
Полска
има добар
банкарски
систем, но
тоа не значи
дека не
постојат
проблеми. Во
портфолијата
на банките
има многу
лоши пласмани -
околу 20%. Тоа е
последица на
"преладувањето"
(еоверцоолинг)
на
стопанството
во 1998-2000 г. Кога
повеќето
индустрии
беа доведени
до банкротство,
тие
едноставно
не можеа да
ги исплатат
кредитите.
Банките мора
да се
преструктуираат.
Имаме
специјална
програма и за
преструктуирање
на долгот кон
буџетот и
системот за
социјално
осигурување.
Со плаќање на
надомест од 15%,
државата ги отпишува
неплатените
обврски на
фирмите кон
државниот
буџет и
придонесите
за социјално
осигурување. Капитал:
Во кој правец
треба да оди
Македонија? Колодко:
Македонија е
мала земја.
Стратегијата
за развој на
Македонија
мора да биде
дел од
стратегијата
за развој на
регионот. Македонија
мора се
повеќе да
биде
отворена економија,
што ќе се
интегрира со
останатите
земји на Балканот
и со старите
и новите
членки на ЕУ. Тоа е
уште поважно
за земја со
толку мал домашен
пазар како
Македонија.
Се разбира,
странските
директни
инвестиции
можат да помогнат.
Има полски
бизнисмени
што разгледуваат
можности за
инвестирање
во Македонија.
Ситуацијата
е
предвидлива
и најтешкиот
дел од посткомунистичката
транзиција
на Македонија
е завршен.
Сега е време
за
реинтеграција,
по
дезинтеграцијата
што се случи
во овој дел
од Европа. |